понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Куршумот засекогаш ќе остане во градите на Адријан по свадбата во Мала Речица

Куршумот засекогаш ќе остане во градите на Адријан по свадбата во Мала Речица

Дваесет и седумгодишниот Адријан Биљали ќе го носи куршумот во градите до крајот на животот по свадбата во Мала Речица во која беше ранет со синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми.

Директорот на Торакална хирургија Неџати Јакупи за порталот  Плусинфо вели дека локацијата на куршумот е таква што не дозволува хируршка интервенција, односно дека доколку се пристапи кон вадење на куршумот може да се загрози животот на Биљали.

– Кај него е направена опсежна оперативна интервенција на градниот кош и на абдоменот, каде е интервенирано во белите дробови, дијафрагмата и желудникот од прострелна рана од еден куршум. Локацијата на куршумот не овозможува негово хируршко отстранување, но неговото останување во организмот не го загрозува животот на пациентот, вели тој за Плусинфо.

Биљали веднаш по повредата бил донесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде бил опериран, а пред десетина дена од КАРИЛ е преместен на Торакална.

Синот на пратеникот Адеми поминал со полесни повреди.