вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 31
home Вести

КУРИР е број 1 интернет портал во Македонија- доби златен медал за квалитет од QUDAL

Според истражувањето на швајцарската агенција, Kurir.mk веќе четири години по ред е интернет порталот кој нуди најголем квалитет. Претходно, во истражувањето спроведено во март 2016-та година, ИЦЕРТИАС оцени дека „Интернет страницата со содржина на македонски јазик Kurir.mк нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет меѓу сите интернет портали во Република Македонија“.
КУРИР е број 1 интернет портал во Македонија- доби златен медал за квалитет од QUDAL

Kurir.mk повторно е број 1 интернет портал во Македонија според истражувањето за QUDAL – QUality meDAL( www.qudal.com), кое го спроведува меѓународната организација ICERTIAS.

Во истражувањето на престижната швајцарска компанија, Kurir.mk e избран за интернет портал кој нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар и е добитник на престижниот КЈУДАЛ–Квалити меДАЛ 2018/2019. Kurir.mk освои најголем број гласови и го доби престижниот медал за „апсолутно највисоко ниво на квалитет во Македонија“ во неговата категорија.

На прашањето „Наведете го името на интернет страницата со содржина на македонски (интернет портал на македонски јазик) која според Вашето лично искуство или искуството на Вашите блиски нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет во Македонија:”, испитаниците одговориле дека Kurir.mk нуди најдобар квалитет.

Истражувањето е спроведено во јануари 2018 година од QUDAL – QUality meDAL General I Macedonia 2018/2019 преку интернет-анкета. Истото е направено на репрезентативен примерок од 1200 испитаници кои биле постари од 15 години.

Со тоа, Kurir.mk од Швајцарската агенција ИЦЕРТИАС доби златен печат или медал за квалитет со пет ѕвезди што е мерило за број еден квалитет што им се нуди на корисниците. Гласовите на нашите читатели го потврдува фактот дека Kurir.mk нуди најквалитетна содржина на македонскиот интернет простор.

Инаку, златниот медал за квалитет се дава само за оние производи и услуги кои нудат најдобар квалитет на пазарот а кој се базирани на мислења и препораки од корисниците на таквите услуги. Сите производи и услуги претходно се споредуваат со тоа што го нудат конкурентите на пазарот.

Според истражувањето на швајцарската агенција, Kurir.mk веќе четири години по ред е интернет порталот кој нуди најголем квалитет. Претходно, во истражувањето спроведено во март 2016-та година, ИЦЕРТИАС оцени дека „Интернет страницата со содржина на македонски јазик Kurir.mк нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет меѓу сите интернет портали во Република Македонија“.

Швајцарската асоцијација за сертифицирање ИЦЕРТИАС е организација со седиште во Цирих која врши испитување на светскиот пазар преку иноватина методологија. Мерењата што ги врши оваа асоцијација се задржуваат само на 100% квалитет што го нудат компаниите.

Коронавирус