понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 141
home Вести

КУРИР ДОЗНАВА: Заев во паника бара нарачани анкети, додека водството на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе се зацврстува пред СДСМ

КУРИР ДОЗНАВА: Заев во паника бара нарачани анкети, додека водството на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе се зацврстува пред СДСМ

КУРИР дознава дека Зоран Заев нарачал анкета на една национална телевизија која ќе биде објавена овие денови.

Според наши добро упатени извори Заев нервозен поради последователните анкети каде што ја губи довербата кај граѓаните нарачал анкета каде води најмалку 1 процент.

Со оваа анкета според нашиот извор Заев сака да го мотивира членството пред изборите кои ќе се одржат на 12 април идната година.

Инаку додека јавноста ја очекува оваа нарачана и лажна анкета на Заев со водство на СДСМ од 1,5 проценти овие денови, граѓаните јасно и гласно потврдија дека Македонија оди во погрешна насока во телефонската анкета која ја спроведе Маркет вижн за порталот МКД.мк.

Анкетата беше спроведена на 1.200 граѓани во периодот од 12 до 20 декември месецов.

Анкетата покажува дека во однос на оценките за државните институции (градоначалник, претседател, премиер, влада, судство) никој нема поголема оценка од 2,61 (претседателот на државата). Од 1 до 5 најниска оценка доби судството (1,79), а кај премиерот очигледна е надолната линија – од 2,61 во ноември 2018, до 2,40 во декември.

Големо е и незадоволството за тоа дали Македонија оди во добра или погрешна насока. На оваа анкета дури 61 отсто од прашаните граѓани одговориле дека Македонија оди во погрешна насока (во ноември 2018 година овој процент беше 54,9 отсто). Намалени се бројките кај граѓаните кои во ноември 2018 одговориле дека Македонија оди во добра насока (32,6%), во декември годинава тој процент е 27,9 отсто.

Во однос на политичката определеност на гласачите, ако утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ е во предност (14,17%) пред СДСМ (11,58%) од 1.200 анкетирани.

Ако овие бројки ги пресметаме само во однос на оние кои се определиле (929), тогаш разликата е – за ВМРО-ДПМНЕ 18,3%, за СДСМ 15%.

Висок е процентот на оние кои одговориле дека ќе ги бојкотираат изборите (22,5%) и оние кои велат дека сѐ уште се неопределени (21,67%).

И во албанскиот политички блок, опозициските партии здружени (Алијанса за Албанците, Беса и Алтернатива за Албанците) би можеле да освојат повеќе пратеници од ДУИ.

Меѓу гласачите Македонци разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е поголема – 12,6%:7,2%. Висок е и процентот на гласачите Албанци кои би гласале за СДСМ – 2,1%.

Анкетата е извршена на репрезентативен примерок на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населениетот од Државниот завод за статистика од 2017 година. Албанската популација во примерокот е застапена со 20,7%.

Инаку Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) од 2 до 6 декември спроведе исто така анкета на 1.121 испитаници со која само се потврдува водството на ВМРО-ДПМНЕ.

Според бројките во оваа анкета рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 21.4 проценти, додека на СДСМ е 17.5 проценти.

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај етничките Македонци во оваа анкета изнесува 28.1 проценти, додека кај СДСМ оваа бројка е 20.3 проценти.

Коронавирус