понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР дознава: ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот Ковачки да се прифати за Министер за внатрешни работи

КУРИР дознава: ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот Ковачки да се прифати за Министер за внатрешни работи

КУРИР дознава дека ВМРО-ДПМНЕ се држи до ставот на Претседателот на партијата Христијан Мицкоски искажан денеска дека Драган Ковачки останува кандидат за технички Министер за внатрешни работи. Мицкоски посочи дека фактите говорат дека оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив.

-Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта. Наместо ова да биде правило во нормална држава, ваквиот предлог се доживува за исклучок, и затоа е голем отпорот во власта. А она што насушно и треба на Македонија е професионалците кои оваа влада сега ги става на маргините, да им се даде шанса да ги превземат работите во свои раце, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Овој став на партијата денеска го потврди и партискиот портпарол Наум стоилковски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Стоилковски рече дека кога ќе имаат конктретни резултати ќе ги соопштат и ја повика власта да не ги одложува работите.

„Нема да влезам во уставни толкувања. Поставен е предлог. Тоа што бараме и тоа што повикуваме е да не се одложуваат работите, да не се кочи професионалец, предлог којшто би требало да влезе на местото технички министер во Министерството за внатреши работи, изјави Стоилковски.

Коронавирус