четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

КУРИР дознава: Силјановска во водство

КУРИР дознава: Силјановска во водство

Кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова е во водство од досега пребројаните гласови, дознава КУРИР од свои извори.

Според она што досега е обработено, Силјановска има 163.424, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски 161.457 гласа.

Од обработените изборни места Силјановска води во поголемиот дел општини- Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода…

Според преброените гласови, Силјановска Давкова веќе победила во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш и Ѓорче Петров.

Коронавирус