четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

КУРИР ДОЗНАВА: Наместо поликлиника Бутел ќе добие контејнери

КУРИР ДОЗНАВА: Наместо поликлиника Бутел ќе добие контејнери

Иако беше ветена поликлиника, општина Бутел на местото на старата амбуланта ќе добие контејнери, дознава КУРИР.

Четврта година откако СДСМ е на власт, четврта година жителите на општина Бутел чекаат на местото на старата амбуланта да никне голема поликлиника, налик на таа во општина Чаир.

Но, како што дознаваме тоа нема да се случи. Бутел нема да добие поликлиника, а на местото на сегашната амбиланта ќе се донесат контејнери кои ќе бидат замена за ветената поликлиника.

Планот е ова да започне на 1 јули оваа година, неколку месеци пред локалните избори, каде по се изгледа Велимир Смилевски ќе ја бара довербата за уште еден градоначалнички мандат.

Па оттука јавно го прашуваме Смилевски, како ќе објасни зошто во Бутел не се гради поликлиника, туку се носат контејнери?

Коронавирус