понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР дознава: Лидерската средба помеѓу Мицкоски и Заев ќе се одржи во недела

КУРИР дознава: Лидерската средба помеѓу Мицкоски и Заев ќе се одржи во недела

Премиерот Зоран Заев го прифати барањето за лидерска средба со Христијан Мицкоски, на која ќе се разговара за актуелните политички случувања во Република Македонија.

Имено Заев го прифати барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој неодамна го повика на лидерска средба.

Инаку и власта и опозицијата се подготвени да седнат на заедничка маса и да зборуваат за актуелните политички случувања, претседателските избори, иднината на Република Македонија како и за патот на Македонија кон НАТО и Европската унија.

Како што дознава КУРИР лидерската средба ќе се одржи во недела.

Коронавирус