вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

КУРИР АНАЛИЗА: Прва недела кампања за промена на името – Слаб одзив, промашувања и повик за купување на гласови

КУРИР АНАЛИЗА: Прва недела кампања за промена на името – Слаб одзив, промашувања и повик за купување на гласови

Она што е особено карактеристично за првиот дел од стартот на кампањата за промена на името е пред се слабата посетеност на трибините на кои присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за одбарана Радмила Шеќеринска и други. Немаше интерес од граѓаните да се слушнаат за продажбата на името. Немаше посететеност ниту во поголемите градови.

Заев се соочи со слаба поддршка во Битола. Си донесе и автобуси, но залудно. Донесоа луѓе во околу 10 автобуси во Битола, а сепак држеа говори пред мал број на граѓани. Телевизија 21  пренесе дека автобусите биле  на паркингот пред спортската сала „Младост”, а објави и дека најголем дел од автобусите биле со прилепски регистарски таблички.

Во Велес можеа да се забележат голем број автомобили од други градови. Автомобили од Скопје, Кавадарци, Неготино и други градови. Дел од граѓаните коментирааа дека очигледната неможност да се соберат доволен број велешани можеби е причината што морало да се носат партиски активисти од други места низ Македонија.

Дебакл и во Кавадарци. Власта без поддршка и во овој град, или граѓаните не сакаат промена на уставното име. Граѓаните јасно им порачаа дека се против промена на името. Народот не сака да ги слуша говорите на Зоран Заев и на неговите сопартијци кои се обидуваат да ги натераат да поддржат промена на уставното име.

Во Гостивар пак беше дочекан со транспаренти, а граѓаните на градот велат дека на овој митинг имало се освен гостиварци.

Вистинската брука  се случи пред министерот за Европа при германското МНР, Михаел Рот. На Античкиот театар во Охрид имаше дебата на која присуствува министерот за надворешни работи Никола Димитров, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, Јани Макрадули, како и Рот. Античкиот театар остана празен, а во публиката седеа вработени во општинската администрација.

Кажа и остана жив!

Но, освен слабата посетеност, капмањата ќе остане запаметена со низа работи кои ги кажа Заев. Во Крива Паланка тој отворено ги повика бизнисмените и сопствениците на компании „да го отворат ќесето“ и да ги почестат работниците пред референдумот. Во скандалозната изјава, Заев практично бара компаниите преку бонуси или плус плата да ги поткупат работниците да излезат и да гласаат на референдумот. Оправдувањето за ваквата постапка, според изјавата на Заев, премиерот ја гледа во, како што вели, блескавата иднина која и претстоела на Македонија.

Од Велес пак ни помалку но повеќе рече „Ни треба камшикар, ни треба некој од НАТО и ЕУ да дојде и да нè потсреди“

-Ни треба камшикар. Ни треба некој од ЕУ и НАТО да дојде овде и малку да нè потсреди. Сите, од мене на чело, па надолу сите. Затоа што мора да има европски ред и поредок, мора да има европски правила. Тоа е нешто што сакаме и тежнееме да го постигнеме, изјави премиерот Зоран Заев на митингот во Велес.

Скандалозен настап и на националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски за време на гостувањето на телевизија Канал 5. Тој се обиде да објасни зошто нема повеќе да стои придавката македонски на ниту една државна институција меѓу кои и МАНУ. Притоа тој рече дека ако академиците на било каков начин успеат да го зачуваат името на институцијата тој на сите ќе им плател пијачка.

Во обидот за манипулација се вклучи и министерот за здравство. Се ставија билборди во ЕУ за бесплатно здравство.

Претходно пак Филипче ветуваше и подобри вакцини по влезот во ЕУ, по што се постави прашањето што им се дава сега на децата.

Дипломатски гафови

Од друга страна во текот на кампањата при посета на високите гости се редеа многу киксови, кои најблаго речено се несфатливи.

За време на посетата на австрискиот канцелар Себастијан Курц беше пречекан со знаме кое не е на неговата земја. Сепак тој од култура се поклони пред истото.  Националниот симбол на Австрија има правоаголна форма и е поделено на три еднакви правоаголници. Знамето поставено пред Владата беше со помала ширина во делот на белата лента. Погрешно скроеното знаме го забележаа новинарите од Австрија, кои ја следеа посетата на канцеларот Курц. Според присутните, знамето кое било поставено, според изгледот, наликувало на националниот симбол на Латвија. Но, знамето на оваа земја има темноцрвена боја. За грешката со знамето, беше известен и протоколот на Владата, но оттаму немаше официјална реакција.

Премиерот Заев изгорен од протоколот за време на посетата на Курц, кога дојде германската канцеларка Ангела Меркел тој лично провери кое знаме е ставено.

Но, не заврши се тука, грешките или дипломатските гафови продолжија. Норвешкиот министер за владините претставници беше холандски. Така барем рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој треба да не води на патот кон ЕУ.

Слуша ли некој од влста?!

Ципрас се огласи со шокантни изјави за Македонија. Вели ќе го сменат Уставот и името, јазикот ќе е словенски и нема да имаат право на Александар.

Ципрас во дебатата со европратениците не одговори директно на прашањето на грчкиот европратеник од Нова Демократија, Манолис Кефалојанис, за тоа како ќе се нарекува јазикот и националноста на Македонија ако биде усвоен Преспанскиот Договор.

– Се надевам дека сѐ ќе оди по план и дека за неколку месеци земјата ќе го смени името и Уставот, дека ќе биде Северна Македонија, изјави Ципрас.

Потоа тој го праша Кефалојанис „како досега ја нарекуваа државата во Европскиот парламент“?

– Сите овие претходни години, кога беше претходникот на Заев на власт, господинот Груевски кога доаѓаше во Европарламентот, како го нарекуваа? Вашите колеги, како го нарекуваа? Дали мнозинството во ЕПП го нарекуваа „од Скопје“? Ова е Европскиот парламент, не можеме да се однесуваме како во грчкиот парламент и да ја сметаме оваа тема за табу, да ја закопуваме главата во песок. Знаете дека со години ја стававме главата во песок, 140 земји, меѓу нив и најмоќните како САД, Кина, Русија, ја признаа оваа земја под нејзиното уставно име, а тоа име е само Македонија. Сите лидери ја нарекуваа Македонија и никој не изгледаше иритирано. Не се жалите што и покрај тоа Заев и неговите граѓани доаѓаат во Грција, и тоа е добро што доаѓа на нашето крајбрежје и ја помагаа нашата економија, но влегуваа во Грција со пасош на кој стои Република Македонија. Ако ја смениме ситуацијата тие ќе доаѓаат како граѓани на Северна Македонија, рече тој.

Грчкиот премиер истакна дека отсега ќе биде јасно дека Македонија не може да претендира на „античкото грчко македонско наследство“.

Уште поважно, како што посочи Ципрас, секој премиер на оваа земја ќе потврди дека неговата земја е словенска и неговиот јазик словенски.

-Досега тоа не се случило, додаде грчкиот премиер.

И министерот за одбрана на Грција, Петрос Каменос излезе со слични ставови. Споменувањето македонска нација е спротивно на кој било договор и го прави бесен грчкиот народ, кој ќе го има и последниот збор без разлика на референдумот и уставните измени, рекол Каменос во неговото обраќање на неформалниот Самит на министрите за одбрана на ЕУ во Виена. Како што јави МИА, според соопштението од грчкото министерство за одбрана, Каменос, кој воедно е и коалиционен партнер во Владата на премиерот Алексис Ципрас, рекол дека македонскиот државен врв излегува со „провокативни изјави“.

– Во неговото обраќање истакна дека скопските функционери, самиот нивни премиер и министерот за надворешни работи, со провокативни изјави против Грција спречуваат било каков напор за изнаоѓање решение. Споменувањето „македонска нација“ е спротивно на секој договор. Единствено што постигнуваат е да го налутат грчкиот народ, кој ќе го има последниот збор, без оглед на референдумот и уставните измени во Скопје, соопштуваат од министерството за одбрана на Грција.

Коронавирус