петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 215
home Вести

„Купувам домашно“ заглави во бирократија

„Купувам домашно“ заглави во бирократија

Кога станува збор за мерките кои се превземаат за амортизирање на последиците и зачувување на работните места Владата се фали со стотици милиони евра одвоени за оваа цел, но во реалноста ситуацијата е поинаква.

Од трите пакети на мерки кои Владата ги донесе како помош на компанииите и граѓаните за да можат да ја надминат кризата од 500 милиони евра помпезно најавувани мерки не беа искористени ниту една третина од нив, односно 165 милиони евра.

Неефикасноста на мерките донесени од Владата и тоа што не се таргетирани правилно го покажува и тоа дека наместо да се зачуваат работните места како што се тврдеше, имаше дополнителни најмалку 40 илјади вработени и минус од речиси 13 отсто на БДП до вториот квартал на годината.

Истото се повторува и со четвртиот пакет на мерки за кој Владата се фалеше дека мерките ќе одговорат соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните.

Како што неуспешна беше мерката од претходниот пакет со ваучерите за туризам кои на околу 40 илјади граѓани им пропаднаа, така се комплицира со процедури и кратки рокови за државна помош од 6.000 денари, за кои листата на корисници требаше да биде објавена вчера на веб страницата „Купувам домашно,“ но, неа се уште ја нема, а истите треба да бидат искористени најдоцна до 25-ти декември.

Тука се поставува прашањето дали граѓаните во краткиот период кој што им преостанува ќе успеат да ги надминат процедурите и ќе можат да ги искористат или ќе се повтори истото што се случи со ваучерите за туризам или мерката „Викенд без ДДВ“ каде Владата предвидуваше граѓаните да потрошат 170 милиони евра а во нивните џебови да бидат вратени 17, за време на викендот беа потрошени само 8,5 милиони евра.

Инаку и мерката за според туристичките работници имала слаба реализација бидејќи таргетирала погрешна група на граѓани, а околу 17 илјади граѓани со ниски примања воопшто не ги добија ваучерите за туризам бидејќи немаа валидна емаил адреса и не ја смениле во УЈП.

Ваквата некоординираност и слаба реализација на мерките укажува на тоа дека истите не одговараат на реалните потреби на граѓаните и дополнително се заглавува во непотребни процедури кои им отежнуваат на граѓаните да ги искористат мерките.

Коронавирус