петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 115
home Вести

Куноска за Заев: Неговата нескриена самобендисаност и осветољубивост е само сојузник на сивилото

Куноска за Заев: Неговата нескриена самобендисаност и осветољубивост е само сојузник на сивилото

Кога Фројд би имал прилика кусо да го набљудува Заев во синоќешното интервју за 21 ТВ, не само што би го потврдил размислувањето на Вангелов за ликот и делото на посочениот, туку верувам би ни соопштил и уште потажни вистини за него и за нашите вкупни состојби, пишува Софија Куновска од СДСМ, објавувајќи ја колумната на Атанас Вангелов за ПлусИнфо.

-Само ego trip парчето “ќе победев и со Шекеринска и со Оливер Спасовски и со Димитров како претседателски кандидати“ во кој замислете тој се идентификува како единка што победува, а во потсвесно зборува за својата авторитарност, би биле доволни за се доловат неговата природа, но и природата и праксите на донесувањето одлуки во партијата, владата и собранието, што е поважниот дел од приказната за нас како граѓани. За осветољубивоста и долгото паметење на Заев кон оние што имаат поинков став од неговиот во друга прилика, пишува таа.

Во продолжение го пренесуваме статусот на Куноска:

Денес за само една од белешките од времето кога бев функционер на СДСМ:

Од Пржинскиот договор, единствена точка за која не гласав “ЗА“ беше предлогот Митко Чавков да биде дополнителен министер за внатрешни работи. Сметав дека тој како организатор на настаните од 24 декември 2012, бруталното исфрлање на пратениците од собранието т.н ЦРН ПОНЕДЕЛНИК, не смее никогаш и никаде да има прилика повторно да управува во нашата држава. Сметав дека тој е олицетворение на прапочетоците на злото во владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Мојата демократска совест тоа не можеше да го проголта.

Но не само што за тоа се пожалил кај наши заеднички пријатели, туку осветата на Заев кон мене беше сервирана “топла“ и стаса веднаш на наредните парламентарни избори во декември 2016.

Но мојата судбина е сосем небитна. Многу поважно е што доста брзо, по изборите во декември 2016, веќе на 27 април 2017, при формирањето на новото парламентарно мнозинство токму Митко Чавков е човекот што за влакно не успева да го чини глава токму Зорана Заев. И не само него.

Јас и денес жестоко жалам што се случи таков настан во кој страдаа мои партиски другари, вклучително Зоки. Но премиерот и претседател Заев мораше, а не ја научи лекцијата.

Во него не живее доблеста да покаже дека понекогаш греши, а уште помалку да се обиде понекогаш и да послуша инакумислечки луѓе.

За нас двајца е среќа што навреме се разидовме. Обостраното незадоволство би можело да ни донесе многу повеќе проблеми и незадоволство отколку успешна соработка.

Но, за нас како колективитет, неговата нескриена самобендисаност и осветољубивост е само сојузник на сивилото за кое зборува Вангелов.

Локални избори 2021