среда, 23. септември 2020. Вести денес: 138
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

„Кумановската група“ го прекина штрајкот поради формирањето на косовската армија

„Кумановската група“ го прекина штрајкот поради формирањето на косовската армија

Членовите на „Кумановската група”, кои се притворени во Шутка и во затворот со висока безбедност Идризово, денеска го прекинаа штрајкот со глад, пишува порталот на албански јазик “Pa Censurë“.

Членовите на „Кумановската група” им се понуди доверба дека нивните барања ќе бидат доставени до Меѓународниот суд на правдата, но, пред се, нивните барања треба да се обработуваат на редовен начин до домашните институции, како што е Министерството за Внатрешни работи, Владата и претседателот на Собранието.

Како главна причина за прекин на штрајкот, осудените лица од настаните во кумановското „Диво Насеље” ја нагласуваат формирањето на косовската армија.

Штрајкот со глад во притворот „Шутка” траеше 11 дена, додека во затворот „Идризово” седум дена.

 

Најнови вести

Коронавирус