недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

КСС не верува на лагите на Шекеринска- утре ќе се протестира

КСС не верува на лагите на Шекеринска- утре ќе се протестира

Конфедерацијата на слободни синдикати денеска остварила средба со претставници на Владата на која биле образложени нивните барања, но сепак тие остануваат на ставот утре да протестираат зградата на Владата. Како што најави претседателот на Благоја Ралповски, образовните работници ќе протестираат во 5 минути до 12 часот. Јавниот предупредувачки протест ќе започне во 11 часот пред Порта Македонија, а ќе продолжи преку Министерството за правда и ќе заврши пред Владата на Република Македонија.

Дали навреме ќе започне второто полугодие од учебната година ќе зависи од одговорите од надлежните во владата кои ќе ги достават до КСС во наредниот период. Како што е најавено, секој обид за спречување на овој протест ќе биде под лупа на светските синдикални организации.

– На состанокот беа образложени нашите барања на кои остануваме и беше заклучено дека треба да има конструктивен социјален дијалог во конструктивна атмосфера и оти треба да претстанат притицисите врз синдикалните претставници – изјави попладнево претседателот на КСС Благоја Ралповски.

На состанокот присуствувале потпретседателката на Владата, Радмила Шекеринска и министрите Мила Царовска, Рената Дескоска и Дамјан Манчевски.

КСС бара зголемување на платите согласно покачувањето на минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор, пристојна работа без притисоци и мобинг на работното место, почитување на колективните договори и да нема реформи за работниците без репрезентативните синдикати.

На овој протест активно учество ќе земат 11 грански синдикати кои се здружени во КСС, кои на 21 Декември 2017 година донесоа Одлука со која јавно ќе го изразат своето незадоволство за односот на актуелната власт кон репрезентативните синдикати, неможноста преку социјален дијалог да ги остварат своите социјални барања, како и да го искажат својот револт за сé пожестокиот притисок на раководните лица во јавните установи врз синдикалните активисти.