недела, 27. септември 2020. Вести денес: 25
home Вести

КСС најавува протест пред Владата на 17 јануари

КСС најавува протест пред Владата на 17 јануари

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска најави дека на 17 јануари, во пет минути до 12 часот, ќе одржи јавен предупредувачки протест пред Владата на Република Македонија.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски на прес-конференција истакна дека одлуката е донесена на Конференцијата на КСС како највисок орган меѓу два конгреса.

КСС бара да претстанат притисоците врз, како што велат, синдикалните претставници, да се пристапи кон усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата, да почнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор и преговори за измена на Општиот колективен договор за јавниот сектор.

Од Синдикатот ја повикаа Владата најдоцна до 16 јануари да организира средба со синдикалните претставници со цел да се изнајдат заеднички решенија.

– Сакаме да ја искажеме нашата подготвеност и истрајност дека ништо нема да не поколеба, ниту најекстремниот обид за спречување на овој протест затоа што нашето членство е подготвено и овој момент да излезе на улица, рече Ралповски.

Од СОНК предупредија дека доколку не се изнајдат заеднички прифатливи решенија, ќе се доведе во прашање почетокот на второто полугодие од учебната година и работата на градинките.

Коронавирус