среда, 23. септември 2020. Вести денес: 135
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

КСС бара ослободување од плаќање на режиски трошоци за невработените и мораториум на кредитите на сите работници

КСС бара ослободување од плаќање на режиски трошоци за невработените и мораториум на кредитите на сите работници

Повеќе од јасно е дека сите работници во нашата држава се под силен економски и здравствен удар, работниците се повеќе го губат своето работно место, цели фирми се затвараат, а работниците кои се останати без работа веќе се на работ на егзистенција. Сето ова е голем знак дека се потребни ИТНИ чекори за стабилизирање и стопирање на економската и здравствената криза во која се наоѓаме, ова денеска преку соопштение до јавноста го информираат од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

-Затоа КСС бара ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ на режиските трошоци за струја и вода за невработените кои ја изгубиле својата работа по било каков основ, технолошки вишок, отказ на работно место, не продолжување на договор на определено време, не продолжување на договор преку агенција за вработување, принудно затворен бизнис поради уредбите од страна на владата или пак работници од сивата економија, истите да бидат ослободени од плаќање на режиски трошоци затоа што државата е сопственик на ресурсите за струја и вода.

Исто така бараме ДОПОЛНИТЕЛНИ 6 МЕСЕЦИ МОРАТОРИУМ НА КРЕДИТИТЕ за сите работници бидејќи сеуште не се во можност да започнат со исплаќање на ратите од своите кредити поради лошата економска состојба во која се наоѓаат. Сакаме да потенцираме дека покрај намалените приходи на работниците, некои го изгубија работното место, на некои веќе им се заканува отказ од работното место, некои се со деца кои се дел од воспитно-образовниот процес, истите треба да изнајдат соодветни технички решенија (компјутери, лаптопи, стабилни интернет врски и др.) за да обезбедат непречено следење на образовната настава која од 1ви октомври официјално ќе започне со почетокот на учебната година, a наставата ќе се следи преку интернет. Време е државата да покаже СОЛИДАРНОСТ на дело, стои во нивното соопштение до јавноста.

Најнови вести

Коронавирус