сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Кржалоски: ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт беше иницијатор и носител на позитивни законски решенија и проекти за младите

Кржалоски: ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт беше иницијатор и носител на позитивни законски решенија и проекти за младите

ВМРО-ДПМНЕ преку Владата на Република Македонија уште во 2011 година почна процедура за донесување на закон за млади но поради политички причини таквиот не бил донесен рече денеска претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски.

Според него таквиот закон требаше да им овозможи зголемени права на младите но и да го поттикне, овозможи и поддржи нивното здружување и само организација од локално до централно ниво.

– Општините во кои ВМРО-ДПМНЕ ја имаше власта на локално ниво во соработка со Агенцијата за млади и спорт и бројни здруженија на граѓани започнаа процеси на широки консултации и носење на младински стратегии. Овие младински стратегии овозможија простор за носење на национални стратегии 2005-2015 и 2016-2025 година. Бројни општини со промени во статутите го овозможија формирањето на советите на младите во општините. Ваквиот локален пристап овозможи формирање на 40 совети на млади низ Република Македонија, рече Кржалоски.

Тој притоа рече дека во одредени општини овие совети беа двигател на проектите и промените за младите и нивниот напредок. Кржаловски посочи дека се иницираа промени во легислативата и се поттикнуваа инфраструктурни проекти каде се решаваат тековните проблеми на младите, но и  се промовираа корисни мерки за младите. Советите на млади на тој начин го свртеа вниманието на општинските власти кон потребите на младите луѓе.

– До 2017-та година се превземаа бројни значајни мерки за младите. Намалување на партиципацијата за студирање на сите државни универзитети и поголема пристапност на високото образование за сите во целата држава. Крупните инфраструктурни проекти во спортот преку сали, тениски терени, базени, фитнес зони. Поголема мобилност на младите преку стипендии и наградни патувања. Бесплатен автобуски и железнички превоз и посета на сите културни институции“ вели Кржалоски.

Кржалоски рече дека во голема мера сите овие мерки и законски решенија за младите се запоставени или не се почитуваат. Во последните 10 месеци според него е забележителен е пад на ангажманот на Владата кон младите луѓе, нема нови инвестиции, се кратат нови поволности за младите и се одземаат веќе стекнатите права на младите. Кржаловски за кај посочи дека УМС како политички подмладок кој секогаш силно ги бранел интересите на младите се залага за инклузивен и консултативен процес во кој сите млади ќе имаат свој став по повод на регулирањето на нивните права ќе си го кажат своето мислење.

Коронавирус