среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 139
home Вести

Kрводарителска акција во знак на сеќавање на скопскиот земјотрес

Kрводарителска акција во знак на сеќавање на скопскиот земјотрес

Општинската организација на Црвен крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен крст на Град Скопје во петок 24 јули ќе ја организираат традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на скопскиот земјотрес од 1963 година.

Акцијата, како што информираат од Црвениот крст, ќе се одржи во дневниот центар за дарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во период од 9 до 17 часот.

Од Црвениот крст напоменуваат дека акцијата поради КОВИД-19 ќе биде спроведена по посебни протоколи. (МИА)

Коронавирус