сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Крвна плазма засега не е препорачана кај ниту еден пациент

Крвна плазма засега не е препорачана кај ниту еден пациент

Засега кај ниту еден пациент кај нас не се препорачува лекување со крвна плазма, а протоколот за лекување со е веќе изготвен – изјави денеска министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

– Протоколот е изготовен, ама колку што знам, засега кај ниту еден пациент не е индицирано такво лекување. Има некои други терапевтски протоколи коишто се спроведуваат во однос на третманот, пореметувањето на крвта во склоп на третман на другите органски системи, како зајакнување на функцијата на тромбоцитите, подобрување на коагулационите карактеристики на крвта , но нема индикација за лекување со плазма – одговори Филипче.

Во врска со давањето евентуална можност за лекување со алтернативна медицина, на пример, со хомеопатски лекови кои веќе помогнале да се излекуваат болни во некои земји, Филипче нагласи:

– Ние нашата медицина ја темелиме на медицина базирана на докази. И тоа пред се се однесува за овие најтешките пациенти во одделите за интензивна нега заради тоа што кога има една, друга форма на манифестација па кога една компликација се накалемува на друга компликација навистина нема никакви искуства други освен тие коишто со години ги практикуваме или ги користиме на нашите пациенти. Во однос на овие други алтернативни методи ние во тие прво немаме искуство и второ, морам да кажам дека мора да бидеме внимателни. Сега се публикува се и сешто и не сме сигурни дека тоа што се публикува е навистина така – рече министерот Филипче.

Коронавирус