четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Кртот сеуште не е откриен, а не го ни да го бараме“

„Кртот сеуште не е откриен, а не го ни да го бараме“

Шефицата на организираниот криминал Вилма Русковска во денешното гостување во 24 Отворено, го објаснуваше предметот „Рекет“ и одговараше на прашањата во врска со телефонскиот разговор што наводно Кичеец го имал од затворската келија.

Не, затоа што мислам дека се уште не се готови вештачењата на тие телефони.“ – рече Русковска.

„Додека не го видам вештачењето не сакам да погодувам.“ – рече Русковска.

Во врска со чантата Луј Витон на Катица Јанева, таа изјави дека чантата е пронајдена кај Јанева имала иницијали КЈ и дека не е истата чанта од фамозната снимка со Боки 13 и Кичеец.

Русковска потенцираше дека кртот од кој протекле исказите на обвинетите, се уште не е откриен.

„Исказите за кои се води постапка се дефинитивно од оние докази што ние во фотокопија ги дадовме во судот заедно со наредбата за истрага и предлогот за притвор за двајцата осомничени. Се гледа дека е снимено од фотокопија, а кај нас во обвинителство се оригиналните. Не знам од кој суд излегле.“ – рече Русковска.

 

Коронавирус