среда, 2. декември 2020. Вести денес: 183
home Вести

Крстиновска: Младите си одат затоа што чувствуваат дека државата не им обезбедува квалитетен живот

Крстиновска: Младите си одат затоа што чувствуваат дека државата не им обезбедува квалитетен живот

Младите сакаат да си одат поради тоа што го перцепираат како лош квалитет на живот. И тука материјалниот аспект, односно финансиите се само еден дел, нагласи Ана Крстиновска од Центарот за истражување и креирање на политики при гостување на 1ТВ.

На младите им недостасуваат можности за самореализација, не се чувствуваат исполнети, не се чувствуваат вклучени во општествените процеси и процесите на креирање на политики кои ги засегаат лично нив. Не чувствуваат дека државата им обезбедува многу можности за реализација или пак некаков корист за нивниот потенцијал. И сето тоа се пречки ги поттикнуваат да речеме младите да размислуваат во насока на иселување, образложи Крстиновска.

Коронавирус