недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Кривична за сопственик на угостителски објект поради непочитување на работното време

Кривична за сопственик на угостителски објект поради непочитување на работното време

На 24.12.2020 во 22.15 часот во СВР Штип, во угостителскиот објект во с. Грдовци, кочанско полициски службеници од ОВР Кочани затекнале неколку гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширење на Ковид 19, односно не го почитувал работното време, информира МВР.

По насоки од ЈО Кочани и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од Кривичниот законик ,„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Коронавирус