четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 89
home Вести

Кривична за скопјанец: Наместо во благајна, си земал 95.000 денари од уплата на тикети

Кривична за скопјанец: Наместо во благајна, си земал 95.000 денари од уплата на тикети

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје заради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело,, Затајување” предвидено и казниво по чл.239 од КЗ.

-Имено, пријавениот А.С. како вработено лице во правно лице за приредување игри на среќа, на работна позиција „оператор” , во текот на октомври 2020 година, во повеќе наврати затаил парични средства кои му биле доверени во врска со неговата работа, на начин што задржал за себе тикети и за истите не извршил уплата на парични средства во касата во износ од 95.000 денари, оставајќи ја благајната на уплатно- исплатното место во кусок, со што го оштетил правното лице во кое што бил вработен за 95.000 денари, информира МВР.

Коронавирус