вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 103
home Вести

Кривична за битолчанец, со пост загрозил сигурност на пратеници

Кривична за битолчанец, со пост загрозил сигурност на пратеници

Кривична пријава доби А.С. (30) од Битола поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

-СВР Битола во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против А.С. (30) од Битола поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија, соопшти МВР.

По консултации со Основното јавно обвинителство Битола А.С. бил повикан на службен разговор во полициска станица, каде појаснил дека објавите ги направил преку својот мобилен телефон.

Од МВР посочуваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи и ги повикуваат сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected].

Коронавирус