петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 134
home Вести

Кривична пријава против Јанева и целото СЈО поради солените хонорари

Кривична пријава против Јанева и целото СЈО поради солените хонорари

Група граѓани бараат Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, да испита како биле исплатувани енормните хонорари, кои покрај платата ги добиваа сите вработени во Обвинителството на Јанева. Ова се бара во кривичната пријава до која дојде Алфа, а покрај шефицата опфатени е и целиот состав СЈО.

-Покрај платите по систематизација вовеле и систем за награди на сите обвинители почнувајќи од првопријавената, а заради чување на информациите до кои доаѓале извршувајќи службена задача и молчење за истите пред трети лица, кои средства им се исплаќале месечно и изнесувале 80 проценти од нивните плати, па на тој начин си таква исплата првопријавената Катица Јанева го оштетила буџетот на државата со над 150.000 евра, а останатите со сума која поединечно ќе се утврди за секој од нив од почетокот на примањето на средствата па се до денот кога престанале да ги примаат, се вели во кривичната.

Катица Јанева земала бонус 157 илјади евра. 107 илјади евра завршиле во џебот на Елизабета Јосифовска. 94 илјади евра си земала Лиле Стефанова, а 90 илјади Бурим Рустеми. Сите други земале помалку од 90 илјади евра. Во кривичната пријава се бара додека Обвинителството истражува, на обвинителите од СЈО, да им се забрани да ја вршат својата работа, но и да завршат во притвор.

-Да се забрани на сите пријавени да извршуваат било какви службени дејствија и да се забрани располагање со нивниот имот и имотот на членовите на семејството. Веднаш да се изрече наредба за мерка на безбедност- притвор за сите пријавени, се бара во кривичната пријава.

Од Обвинителството за Алфа потврдуваат дека била поднесена кривична пријава, која била распределена на постапување кај јавен обвинител.

Не само обвинителите, на име бонуси од СЈО ќариле и другите вработени, а солени суми на име хонорари добиле и надворешни соработници. Со потпис на Јанева, пари добиле и Примислав Димовски, Сашо Орданоски, поранешниот директор на БЈБ, Лазо Велковски, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми. Пари добиваа и синови и ќерки на функционери од власта и судии.

Коронавирус