недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 50
home Вести

Криминалот, рецесијата и ветото Заев го чини доверба, а Мицкоски гази самоуверено кон буткање на Заев

Криминалот, рецесијата и ветото Заев го чини доверба, а Мицкоски гази самоуверено кон буткање на Заев

Секој ден паѓа рејтингот на Заев и СДСМ. А и неможе да се очекува обратно, после толку криминални афери, лоша економска политика и лоша надворешна политика со која СДСМ и премиерот Зоран Заев ги испопродадоа македонските национални интереси. Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина, а всушност ја доведоа државата до ќорсокак.

Министерот за здравство Венко Филипче пак, без визија без план како да се справи со корона кризата ја доведе Македонија на осмото место во светот по смртноста од Ковид-19. Го достигнавме дното како држава: политички, здравствено, економски, еколошки.

Капак на сето ова е и рецесијата. Македонската економија годинава влезе во рецесија, со пад на сите параметри.
Пад од 5,9% на економијата, буџетска дупка од 920 милиони евра, раст на јавниот долг за 10%, катастрофална реализација од 39% на капиталните трошења од првиот буџет, нето одлив на инвестициите од 32 милиони евра, а над 50 илјади граѓани се невработени само во последните десет месеци.

Граѓаните сето тоа будно го следат, ја следат неспособноста на власта и нормално анкетите да бидат такви какви што се, рејтингот на Заев и СДСМ да паѓа, а довербата да расте кај граѓаните во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

-За само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ. Влеговме во економска рецесија, пропадна банка, втор ТАТ, афера тешка 200 милиони евра, поскапе електричната енергија за домаќинствата, за жал 1.400 наши сограѓани во овие 100 дена го загубија својот живот од пандемијата поради акутната неспособност во здравството, и повеќе од 2.000 од денеска, изјави за медиумите претседателкот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, заслуга на Владата е на првото место за криминал во Европа. Зачудувачки и запрепастувачки криминал. Секој од вас нека си го постави прашањето кој проект или мерка изградија и завршија Зоран Заев со која направи вие да живеете подобро. Одговорот е јасен, нема такви.

-Заев ни одзема четири години од нашите животи со најлошите 100 дена. А, од сите нас, од сите вас зависи колку ќе му дадеме можност да продолжиме да губиме, вели Мицкоски.

Причините пак, за растечката доверба на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ е тоа што партијата се трансформира, се консолидира и ветува реална и стабилна програма за економски, здравствен, социјален и политички спас на Република Македонија.

Професорката Иванка Василевска која е член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна изјави дека новото раководство на партијата донесоа развој, оти од партија која беше линчувана заради минатото раководство сега се подготвени за целосна обнова на Македонија, што би почнала со нивна изборна победа.

-Во една многу мрачна и неизвесна ситуација, Христијан Мицкоски создаде тим кој трпеливо зајакнуваше во текот на овие години и од таму, со гордост можеме да кажеме дека сме во моментов спремни да ги превземеме сите државни обврски, вели Василевска.

Коронавирус