четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 187
home Вести

„Криминално рекетарската банда на Заев и на СДСМ се махери само во затворање фабрики“

„Криминално рекетарската банда на Заев и на СДСМ се махери само во затворање фабрики“

Обновата пред секој дом, обновата во секој град доаѓа. Денес сме овде во Пробиштип, ги посетивме неколку фабрики меѓу кои и една конфекција. За жал она на што сме сведоци денеска е дека власта, криминално рекетарската банда на власт на Заев и на СДСМ се махери само во една работа, тие се махери за затворање фабрики, изјави на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-После 69 години работа, сведоци сме на затворање на „Тетекс“ во Тетово. Она на што се посветуваме, она што го ветуваме пред вас граѓаните е тоа дека со многу работа, со многу труд без воопшто да се штедиме ќе ја донесеме обновата после 12-ти април во државата. Нема да ветуваме брда и долини, ќе ветуваме реални работи пред вас граѓаните. А, што е реално? Реално е нашето ветување дека во следните четири години во периодот од 2020 до 2024 година ќе ја намалиме невработеноста под 10%. Ќе овозможиме зголемување на платите на сите за најмалку 25% или што би значело секој еден од вас да добие по негде околу 6.500 денари повеќе на платата. Ќе ги зголемиме пензиите за 20% или секој еден пензионер кој што е во пензија ќе земе негде околу 3.000 денари повеќе. Го напуштаме концептот на прогресивниот данок, нешто што се виде дека како мерка е премногу избрзана. Но и мерка која што и покрај сите критики оваа криминално рекетарска банда на власт спротивно на сите нормални економски текови се обиде да го вметне во стопанството. Тоа ќе го напуштиме, ќе го вратиме назад рамниот данок и во самите први 100 дена истиот ќе го намалиме на 9%, истакна Јанушев.

Обновата доаѓа после 12-ти април со многу работа, со многу труд ќе ја воздигнеме државата од ова мочуриште во кое што во моментов се наоѓа, додава тој.

Коронавирус