вторник, 20. август 2019. Вести денес: 88
home Вести

„Криминалниот октопод на СДСМ на чело со Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството“

„Криминалниот октопод на СДСМ на чело со Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството“

Граѓаните сe жртви на криминалното работење на СДСМ. Криминалниот октопод на СДСМ на чело со Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ го промовира и штити криминалот. Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта и да постапува во согласност законите и правото. Правдата мора да важи подеднакво за сите, вклучувајќи ги и високите државни и партиски функционери од СДСМ, стои во реакцијата и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе воспостави неселективна правда и тогаш сите вклучувајќи го и Зоран Заев ќе одговараат пред правдата и законот“.