вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Криминалците на слобода, криминалот цвета- ограбена банка во центарот на Скопје, украдени 10 илјади евра

Криминалците на слобода, криминалот цвета- ограбена банка во центарот на Скопје, украдени 10 илјади евра

Денес на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје од страна на непознат сторител со маска на лицето и огнено оружје од филијала на Шпаркасе банка одзел 10 илјади евра. Официјални информациите за дали се работи за еден или повеќе сторители сеуште нема, но сумата и настанот е потврден од полицијата.

По изгласувањето на законот за амнестија во законодавниот дом со кој над 2000 криминалци со дебели криминални досиеја се најдоа на слобода криминалот во државата цвета. За жал неажурноста на полицијата и пред изгласувањето на амнестија ги стимулираше криминалните структури непречено да се бават со својата дејност. Низа на неразрешени убиства и други криминални дејствија сигурно ќе остават дамка на кариерата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според порталот МКД ова не е изолиран настан минатата година во ноември во Скопје се случила низа на грабежи на сефови по македонските банки и во период од 7 дена од македонските банки се ограбени од 2 до 3 милиони евра. Бандата која ги извршила грабежите била составена од Руси, Украинци и Молдавци, а ограбиле сефови на познати бизнисмени во скопските банки. Пленот од сефовите бил составен од пари и злато, а македонската полиција упорно одбивала да ги потврди овие настани, истакнувајќи дека истрагата е во тек.

Опозицијата во предизборието на локалните и предвремените парламентарни избори предупредуваше дека СДСМ шурува со криминалните структури за да добие глас повеќе. Криминалните структури очигледно во двата случаи одработија за СДСМ, прашањето е дали сега СДСМ одработува за криминалните структури.

Коронавирус