четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 36
home Вести

Креативна работилница за месецот на детското здравје

Креативна работилница за месецот на детското здравје

По повод месецот на детското здравје, Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ денеска на игралиште кај Мајчин дом во населба Аеродром ќе организира креативна работилница за деца.

Целта е преку низа превентивни прегледи кои ќе бидат организирани во наредните недели да се подигне свеста за превенцијата и навременото откривање на болестите на локомоторниот систем во детска возраст.

– Клиниката за ортопедски болести во чиј склоп е и Мајчин дом Скопје е единствена здравствена установа во која годишно се прават 7000 превентивни и дијагностички прегледи и околу 170 најсложени ортопедски операции кај децата, соопшти Клиниката.

Локални избори 2021