петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кражба зад ПС Бит Пазар: Употребил блокатор за заклучување на автомобил, па зел легитимации од МВР, картичка за влез во МВР…

Кражба зад ПС Бит Пазар: Употребил блокатор за заклучување на автомобил, па зел легитимации од МВР, картичка за влез во МВР…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 47-годишник, на 28 март, со провалување во патничко моторно возило Ауди на булеварот „Никола Карев“ зад полициската станица „Бит Пазар“ одзел пари, банкарски картички, две службени легитимации од МВР и картичка за влез во МВР, како и други предмети во вкупна вредност од 50.000 денари.

Кога ја забележал оштетената како ја остава чантата на задното седиште и го заклучува автомобилот, обвинетиот употребил апарат за блокирање на сигналот и системот за затворање, со што спречил да се заклучи вратата на автомобилот. Кога оштетената се оддалечила тој влегол во автомобилот, ги одзел наведените предмети и избегал.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот.​

Коронавирус