среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 6
home Вести

Крап капиталец уловен во Осломејското Езеро кај Кичево (фото)

Крап капиталец уловен во Осломејското Езеро кај Кичево (фото)

Спортскиот риболовец од Кичевското село Гарани, Весмир Елези во Осломејското Езеро успеа да улови капитален примерок на крап, со тежина од близу седум килограми.

-Ова е вистински настан што го посакува секој рибар. Знаев дека се работи за крупна риба кога го почувствував силниот удар на блинкерот, кој се повтори по неколку секунди. По неколку минутна борба крапот ја извлеков на суво. Тоа беше прекрасен примерок на автохтон крап, со должина од околу 80 сантиметри и со тежина од околу пет килограми. Беше задоволство и повторно нормално го вратив во езерото, изјави Елези.

Осломејското Езеро од ден на ден се повеќе го привлекува вниманието на спортските риболовци и станува вистинска атракција.

Преку донации ланската година оваа езеро два пати беше порибувано.

 

Коронавирус