понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Кралот на лагата!

Кралот на лагата!

Денес е први април, а овој ден не може да помине без кралот на лагите, Зоран Заев. Дојде на власт со лажење, така владееше и така заврши. Овој човек е опседнат со лажење, мора да излаже три пати во денот, макар и сам себе да се излаже. Ако не излаже се нервира, како клептоман кога нема што да украде.

Додуша Зоран Заев е и лажго и крадец – најлоша комбинација. Нам ни го украде најсветото, а се колнеше во жицата, алиштата, децата, семето и поршето на Вице дека нема да посегне по тоа. Но, народот не простува, казната не застарува.

Корона пандемијата забрзано се шири, сее страв и одзема човечки животи. Не научи дека треба да сме одговорни за себе и за другите околу нас за да се заштитиме. Кај нас во Македонија, покрај другото, и ги скрши розевите очила со кои Заев кажуваше дека блескаме и на површина излегоа сите црнила кои ги криеле. Направиле не дупка, туку кратер во буџетот, чиниш Везув еруптирал. Го скрши и скапиот ПР на девојката со купоните – Нина Групер со кој ни најавуваше дека буџетот е во одлична кондиција и дека сме спремни да се справиме со еветуален шок. Заев ја обезвредни, а таа ја стави Македонија на купон за попуст – ја оставија без пари. Денес дури и тие кои заедно „блескаа“ со кралот на лагата се оградуваат од неговите поразителни економски политики. Тоа е истиот оној човек кој ќе делеше лекции по економија, а ја доведе државата пред банкрот.

Сега кога најмногу им е потребна подршка на граѓаните на Македонија, македонската економија и целиот систем се во тотален колапс. Граѓаните се борат за парче леб, а ако продолжат со ваквите површни мерки ќе бидат доведени на питачки стап. Додека сите влади во регионот, но и светот преземаат мерки и директно помагаат на граѓаните, кај нас владата сака да зема од нас граѓаните за да ја покриеме дупката што Заев и неговиот економски – цунами тим ја направија со своето расипничко и недомаќинско трошење. Дури и се суетни, толку многу што не ја прифаќаат подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ, не ги прифаќаат мерките и советите, иако сега сите се важни за да се справиме со овој глобален проблем.

Тука сакам да ги споменам и народот да знае за владините економски мерки кои вчера ги престави Оливер Спасовски – портпаролот на Зоран Заев. Тоа не се ништо друго освен добро нашминкани зборови кои нудат се освен помош. Така на пример, одложувањето на камати во банките ви овозможува два пати да си платите камата за кредитот, додека пак, во компанијата во која што работите ако немате 160 ефективни часа нема да ги добиете оние 14.500 денари. Сопствениците треба да знаат и дека ако се корисници на мерките од Агенција за вработување нема да можат да ги користат оние 14.500 денари ветени од владата. Ова се дел од шминкерските мерки на владата, кои се задоцнети, недоречени и конфузни.

Но не може да се каже дека е економска криза и за Зоран Заев и СДСМ. Тие претходно си го „товарија магарето“ со македонскиот рекет бр.1 и еден „Чарлиев ангел“ кој сега е во самоизолација но не по своја волја, па така СДСМ се обезбедени за било каква криза. Си поделија и лиценци за производтво на канабис на своите блиски сопартијци и роднини. Зораз Заев отиде до таму и си додели дури и на својот иден зет.

Македонските граѓани треба да стегнат заби и да ги издржат овие тешки времиња кои допрва идат, да покажат солидарност, младите да мизеруваат додека на пример ќерката на Димитров се уште троши од оние 40.000 евра стипендија и живее во стан од 300.000 евра. Но треба и да оддели од својот залак, додека Хари Локвенец едвај ги прехранува синовите со пратеничката плата која цврсто ја “брани”, бидејќи неговиот син не бил толку штедлив и ја потрошил државната стипендија од стотина илјади евра.

Солидарност за Зоран Заев значи да крати од чесно заработените пари на обичниот работник, а неговите деца да ги сликаат тукушто купените луксузни кабриолети.

И тоа немаше да биде така, доколку доскорешниот премиер и аболициран криминалец Зоран Заев не ги расфрлаше буџетските средства како да му се наследство на богат вујко од Америка, неводејќи сметка дека тоа се пари на сите граѓани на Македонија. Немаше да дојде до ова доколку не се вработуваа неколку иллјади партиски војници во администрацијата, немаше да дојде до ова доколку не го исцедија фондот за иновации со огромни суми на пари делејќи на своите блиски луѓе од картелот со смешни иновации, како на пример “измислен” печатач и реинкарнација.

Немаше да дојде до ова доколку и во услови на пандемија не се занимаваа со “ воено профитерство”, одлика на нечовечност, злоба и алчност. Сакаа да ни протнат респиратори за 3 пати поскапи од другите понудувачи, организираа “хуманитарни летови” кои граѓаните сами си ги плаќаат и се поскапи до 10.000 евра од лет во нормални услови.

Избегаа студентите, младите, старите , мажите и жените. Избегаа и голем дел од докторите и медицинскиот персонал. Оние кои требаше да се првата борбена линија против пандемијата сега со своите колеги кои даваат се од себе за да не заштитат, избегаа по Германија и другите земји од Европа затоа што не се задоволни од условите кои требаше, а не ги испорача власта на Зоран Заев.

Причината за сите проблеми, падови и порази на македонските граѓани, за сите неуспеси на Македонија има име и презиме, тоа е Зоран Заев и СДСМ.

Последиците ќе ги чуствуваме и понатаму во иднина, но ќе изгрее сонце и повторно ќе биде Македонија силна држава.

Македонија ќе успее!

Јован Јаулески за Лидер.мк

Коронавирус