вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 29
home Вести

„Крајот на Заев и СДСМ е се поочигледен“

„Крајот на Заев и СДСМ е се поочигледен“

Почитувани кавадарчани, Република Македонија со Зоран Заев и СДСМ го допре дното.Мандатот на Заев поминува, а 98% од проектите кои ги ветија во предизборната програма се нереализирани. Наместо живот за сите СДСМ и Заев на граѓаните им донесоа беда, сиромаштија и понижување.

Наместо работа и подобри услови за сите граѓани, СДСМ и Заев промовираат некаков си прав пат. Но, всушност почитувани кавадарчани нивниот прав пат кој веќе трета година се движат, по него, не само што е крив туку и удолница која градот, државата и граѓаните ги носат кон пропаст. Имаме крах во секој поле, а тоа најдобро го почувствуваа земјоделците од Тиквешијата, просветните работници, здравствените работници, младите луѓе, пензионерите.

Наместо ветениот загарантиран откуп, повисока цена и пласман на грозјето СДСМ и Заев донесоа вистинска катастрофа во земјоделието. Се што ветија, за се излажаа. Наместо стабилна економија, високи плати за просветните работници, за здравствените работници, повисоки пензии за пензионерите, сигурна работа за младите, СДСМ и Заев донесоа лаги и манупулации, пустош и сиромаштија. Македонија никогаш не била посиромашна држава, а младите како никогаш до сега се помасовно ја напуштаат државата. Заев и СДСМ не само што ја ставија државата во подредена ситуација пред соседите, туку ја обезличија државата и го распродадоа националниот интерес и националното достоинство на граѓаните во Република Македонија.

Крајот на Заев и СДСМ е се поочигледен. Крајот на оваа криминална влада и криминални ликови е се поблиску. Да не дозволиме да ни се повтори ваква распиничка, криминална и измамничка влада, да не дозволиме да ни се повтори Зоран Заев и сите криминални ликови од овој криминален картел наречен СДСМ. Крајот на оваа власт ќе биде на 12-ти април. Од 12-ти април ќе започне обнова на Македонија.

Почитувани кавадарчани, во четврток во 17 часот на градскиот плоштад заедно да ги дадеме нашите предлози и идеи кои ќе бидат дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори на 12 април и да ја започнеме сите заедно Обновата на Република Македонија, бидејќи кавадарчани заслужуваат многу подобро.

 

интегрален текст од прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци

Коронавирус