среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Крахира стартот на учебната година, уште не почнати со работа корона во училиштата

Крахира стартот на учебната година, уште не почнати со работа корона во училиштата

Уште не почната учебната година, се појави прв случај на корона вирусот во училиштата. Станува збор за наставничка, позитивна на КОВИД-19, од одделенска настава во основно училиште во Велес. Таа испрати во изолација уште 10 нејзини колеги. Пред неколку дена беше пријавен и првиот случај на дете заразено со ковид 19 кое било згрижено во градинката „13 Ноември” во општина Центар во Скопје. Групата во која детето било згрижено отиде во изолација.

Изминатата негела беа регистрирани и три случаи на заразени вработени во градинки.
Градинките беа отворени пред една недела, во тој период имаше 3 случаи на вработени заразени со коронавирус. Се работи за вработена во градинката „Мајски цвет“ – Битола, а вториот случај е во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје и во градинката „Рахилка Гонева“ – Свети Николе. Голем број родители на училишни деца се исплашени од учењето со физичко присуство, правејќи споредба со позитивните случаи во градинки на само неколку дена од почетокот со работа.

Дали сето ова, ќе го вклучи алармот кај надлежните во власта, за да направат скриниг на вработените во училиштата, со цел да се детектираат можните носители на вирусот. Само на тој начин, функционирањето на училиштата да биде трајно решение. Да не се доведеме во ситуација, после недела дена од почнување со работа да треба да затвараме училишта.

И додека кај нас се уште не се знае кога децата ќе се вратат во училишните клупи, во соседството, на само две недели по стартот на наставата десетици ученици и наставници завршиле со позитивен тест на корона. Во други европски земји, пак, голем број образовни установи ставија клуч на врата поради ширење на вирусот.

Коронавирус