четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 190
home Вести

КОВЗРГ: Долгоочекуваната одлука на Вселенскиот патријарх е конечна правда за нашата Црква

КОВЗРГ: Долгоочекуваната одлука на Вселенскиот патријарх е конечна правда за нашата Црква

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) соопшти дека со огромна радост испраќа честитки до верниот македонски православен народ и до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и сиот свет клир на Македонската Православна Црква – Охридската архиепископија, за одлуката на првопрестолната Вселенска патријаршија со која се признава и прима во канонско единство нашата света Македонската Православна Црква – Охридската архиепископија.

-Долгоочекуваната одлука на Вселенскиот патријарх е конечна правда за нашата Црква, која никогаш ништо што не и следува не посакуваше, беше пример за кроткост и хри-стијански етос, трпеше, но не нанесуваше неправди. Ова е признание дека никогаш и не сме имале црковен, уште помалку духовен проблем, туку административни недоразбирања. Бла-годарност за Неговата Сесветост Вселенскиот патријарх Вартоломеј за татковската грижа за православието. Благодарност за многуте генерации на државни и црковни власти кои имаат оставено свој придонес во процесот на разрешување на македонското црковно прашање, наведува Комисијата.

КОВЗРГ изразува надеж дека во духот на православната етика и љубов ќе бидат надминати и другите споредни прашања во разговори со сестринските православни цркви.

-Државата ќе продолжи да ги помага сите напори на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во насока на препознавање и зачувување на македонската црковна автокефалност, велат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. (МИА)

Коронавирус