вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 128
home Вести

Ковид политиканство или борба со пандемијата ?!

Ковид политиканство или борба со пандемијата ?!

Поразителни се бројките на заболени и починати од COVID-19 во Македонија, што укажува на нефункционалност на системот и неорганизираност на Власта на централно и локално ниво. Несериозниот пристап, немањето конкретни и ефикасни мерки, го фрлаат народот на колена пред пандемијата!!

Енормниот пораст на невработеност и сиромаштија уште повеќе ја усложнува лошата ситуација!!!!

Траумите што граѓаните секојдневно ги доживуваат се страшни и болни: недостаток на тестови и висока цена на истите, недостаток на респиратори, недостаток на кислород, недостаток на амбулантни возила и здравствен персонал, недостаток на слободни места во болниците, чекање по ладните ходници и надвор од нив, несоодветни услови, недостаток на лекови… и за жал често и најлошото, загубен член на семејството…

Од друга страна, сведоци сме на расипничко однесување и распределба на буџетските средства (пари од граѓаните) за: партиски вработувања, за непотребни репрезентации, за Новогодишни украсувања, за апетисани и бонбони, набавка на нови возила, небитни проекти… што уште повеќе револтира во овие тешки и загрижувачки моменти!!!

За да не биде вака, треба да се мисли кога се кројат новите Локални буџети, за поефикасно решавање на проблемите предизвикани од Пандемијата.
Државата и општините треба да се сконцентрираат многу повеќе во оваа насока, a новите буџети треба да овозможат:

-обезбедување бесплатни тестови за граѓаните

-поефтини и бесплатни лекови за најранливите категории

-финансиска поддршка на здравствените работници

-набавка на опрема и подобрување на условите во здравствените установи

-ангажирање на дополнителен здравствен персонал и волонтери

-создавање дополнителни капацитети и ковид центри

-фонд за помош на најранливите категории погодени од пандемијата во смисла: социјална помош и помош во подмирување на трошоците за лекување во државните и приватните здравствени установи.

-издвојување средства од Буџетите за надминување на последиците предизвикани од пандемијата во локалната економија и стопанство

Затоа, aлармантната состојба во која се наоѓаме наложува одговорен и сериозен пристап во креирањето на буџетите, рационализирање и исклучување на непотребните трошоци… помош на здравјето на населението и локалната економија пред сè!!

ВНИМАВАЈТЕ- И ЗИМАТА И ПАНДЕМИЈАТА СЕ ПРЕД НАС!!!!

Извор: ИНФОМАКС

Најнови вести

Коронавирус