среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Ковид хаос: Мајки на работа,градинки се затвораат, бројки растат а кина и театри почнуваат со работа

Ковид хаос: Мајки на работа,градинки се затвораат, бројки растат а кина и театри почнуваат со работа

Ковид турли тава. Додека власта најавува заострување на мерките за заштита од есенското црно корона сценарио – истовремено ги враќа на работа хронично болните и мајките на продолжено породилно отсуство. Дијана Петрова мајка на две деца револтирана и збунета за одлуките на надлежните за Алфа раскажува како таа и останатите родители “крпат крај со крај” за да се справат со чување, но и запишување на своите деца во ек на пандемија.

“Во однос на изјавата на Филипче еве јас лично го прашувам како може да најави да ние носиме маски и нови рестикции а да кажуваат дека градинките се безбедни. Од сите овие одлуки кои ги донесуваат во многу брз временски период може јавноста да заклучи имаме некоординираност пред се, помеѓу сите надлежни институции.” – вели за Алфа Дијана Петрова родител.

Петрова прашува кој ќе одговара за големиот број родители кои останаа без работа поради избрзаните одлуки на надлежните?

“Ги повикувам институциите да излезат со релевантни податоци – колку мајки останаа без работа, односно на колку им беше даден отказ и колку мајки си дале отказ.Сега после најновата одлука на владата на колку не им е продолжен договорот на определено?“- вели Дијана Петрова родител.

И хронично болните од денеска се враќаат на работа. И кај нив револтот е голем судејќи според објавите на социјалните мрежи. Се жалат дека научна фантастика е да се дојде до термин или пак потврда за отсуство. Филипче пак упорно уверува дека термини имало за сите. Во меѓувреме, владата донесе одлука и за отворање на вратите на кината и театрите.

Коронавирус