понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 57
home Вести

Ковид-19: Ниту еден пациент што е на респиратор во Македонија досега не е излекуван

Ковид-19: Ниту еден пациент што е на респиратор во Македонија досега не е излекуван

Ниту еден пациент со ковид-19 којшто бил поставен на респираторна машина во Македонија досега не е излекуван, пишува порталот 360stepeni.mk

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека има пациенти кои подолг период се на респиратор и најави промени на начинот на лекување на оние кои покажале знаци дека можат да закрепнат.

„Нема излекуван пациент на респираторна машина. Има повеќе пациенти кои што подолг временски период се лекуваат, а сега планираме и промена на начин на лекување во однос на правење на тахеростома и трахеотомија на некој кој што веќе покажува знаци дека може да закрепне“, изјави Филипче.

Инаку, според последните статистики на Министерството за здравство, во моментов 13 лица се на респираторна машина.

Шест лица лежат на Инфективната клиника во Скопје каде има уште 19 потешко болни пациенти кои се на кислородна поддршка, a седум пациенти се на респиратор во ГОБ „8 Септември.“

Досега, од вкупно 1 326 дијагностицирани случаи на ковид-19 во Македонија, излекувани се 337 лица, додека 57 лица починаа.

ЕУРО 2020

Македонија