сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 46
home Вести

Ковачки за непонесувањето на одговорност: Луѓето од власта немаат морален кредибилитет, тие си играат со чувствата на народот

Ковачки за непонесувањето на одговорност: Луѓето од власта немаат морален кредибилитет, тие си играат со чувствата на народот

„За случајот во Тетово што се случи пред седум дена никој не поднесува одговорност. Зошто? Го слушаме премиерот Заев како кажува дека ќе ја почекал истрагата да заврши, па ќе видиме дали ќе бара одговорност. Знаете, морална одговорност е нешто што го имате или немате. Не треба некој да ви кажува. Ако вие сте донеле одлука дека поднесувате оставка од морални причини, вие тоа го правите и си заминувате веднаш истиот момент. Вие не чекате дали тоа ќе се прифати или нема да се прифати. Така е логиката на нештата. Меѓутоа кога нешто ќе е фингирано, монтипајтоновски, циркус. Тоа токму така изгледа. Значи договорено, јас ќе понесам оставка, премиерот Заев нема да ја прифати, а во меѓувреме ќе организираме една акција од директорите кои што ние сме си ги поставиле да ни даваат поддршка. Во тие поддршки за Филипче имаше и језиви повици, вие да повикате да се затворат вакциналните пунктови како поддршка на министерот за здравство, такви повици одеа од директорите. И тие директори, вработени во јавните институции сега треба нас да не лечат и да ги лечат граѓаните“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Ковачки додаде дека Заев не може да чека да заврши истрагата, ако чека да заврши истрагата може да се случи утре неговиот министер да биде изнесен со лисици од тоа министерство. И тука веќе нема да има потреба од оставка.

„Тоа што ние бараме одговорност, тоа на нас нема да ни донесе поени, тоа е погрешно што го кажуваат за нас како партија. Ако сакаме да има европски вредности мора да понесеме одговорност“, појасни Ковачки.

Ковачки посочи дека луѓето од власта немаат морален кредибилитет, тие си играат со чувствата на народот.

„Модуларните болници требало да бидат по наши стандарди, по законот како што е пропишано. Дали согласно нашиот закон за заштита и спасување, има таму еден член 70 кој што предвидува Дирекцијата за заштита и спасување има свои овластени лица кои што треба да извршат увид и контрола на противпожарната заштита, на објектот пред да биде пуштен во употреба. Дали е тоа направено? Или не е направено? И ако е направено, како е направено? Јас се сомневам дека е воопшто направено“, рече Ковачки.

Ковачки потсети дека имаше информации за модуларната болница во Тетово дека немало извршено и технички прием.

Коронавирус