понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 59
home Вести

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе го направи експресниот пат Кочани-Делчево

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе го направи експресниот пат Кочани-Делчево

Во Собранието на Република Македонија од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на неодамнешната комисиска расправа за Буџетот на Владата за наредната 2022 година беше поднесен амандман за обезбедување на финансиски сретства за изградба на експресниот пат Кочани-Делчево преку село Бигла.

Овој амандман беше одбиен од страна на пратениците на СДСМ и останатите пратеници од мнозинството со што и понатаму ќе се пролонгираат маките и опасностите на жителите кои што секојденвно патуваат на овој патен правец А3 каде секојдневно се присутно големи одрони.

Ова прашање беше тема на неодамнешното гостување на Членот на Извршниот Комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во централното издание на вестите на ТВ СИТЕЛ каде соопшти дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт овој патен правец ќе го изгради.

-СДСМ односно мнозинството кое што се уште го немаат демонстрирано во собранието одби амандман со кој што требаше од обиколницата на Кочани да има експресен пат до Делчево преку превзлец Истибања, преку реката Брегалница, село Бигла да излезе на село Очипала и практично да го скратиме времето на патување од Скопје до крајниот исток на државата и понатаму кон Република Бугарија. Знаете Делчево и општините на крајниот исток поблиску им е и подобар пат имаат до Софија отколку до главниот град Скопје. Тој пат не значи добро не само за овие над 100 илјади луѓе кои што живеат во тој крај туку ќе значеше добро и за луѓето кои што патуваат кон Република Бугарија, ќе имаше подобра врска со Бугарија. Тоа е дел од коридорот 8А кој што ние би требало да го развизаме. Што се однесува до странските инвестиции исто така и домашните инвестиции можеме да го разгледуваме и од тој аспект. Значи да не ни заминуваат младите, да има можност за пат до тие населени места. Во најмегаломанскиот Буџет што досега го има Република Македонија да не се најдат сретства за витален интерес на граѓаните, малку ми е чудно, затоа имајки во предвид дека станува збор за нов пат и имајки во предвид состојбата на стариот пат кој што цело време е под свлечишта и одрони… тоа го знаат најдобро граѓаните од тој крај што патуваат така и безбедноста на самите граѓани е нарушена, малку сум изненаден зошто се одби тој предлог. Јас кажувам дека ние кога ќе дојдеме на власт ние тој пат ќе го направиме, соопшти Драган Ковачки во своето гостување во централниот дневник на ТВ СИТЕЛ, пред неколку денови.

Извор: Брегалнички.мк

Коронавирус