недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 59
home Вести

Ковачки: Прочистувањето на судството е само празна флоскула, ако се искрени нека ја расчистат најголемата рекетарска афера во Македонија

Ковачки: Прочистувањето на судството е само празна флоскула, ако се искрени нека ја расчистат најголемата рекетарска афера во Македонија

Ќе го прочистувале судството. Празни флоскули и оправдување за чистки на сите што не им се под контрола, или со други зборови начин за дисциплинирање на судската власт од страна на извршната, пишува на Фејсбук, Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели ако се толку искрени во намерата нека почнат со ревидирање на најголемиот скандал со докажано рекетирање во Македонија.

-Двајца од сликава се со правосилни затворски казни (погодувате кои), но што правиме со третото лице (и за тоа погодувате кое е), дали барем го повикаа во обвинителство за да даде исказ и да се расчисти дилемата, има или нема вмешаност? За што е разговарано или договарано на таа средба? Визија, провизија, реформа или слично? Во духот на транспарентноста, јавноста има право да знае дали и колку пати досега е преминат Рубиконот од страна на чесните кадри-министри, стои во објавата на Ковачки.

Коронавирус