понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 128
home Вести

Ковачки положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

Ковачки положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

4. мај. Заминал како што доликува. Достојно и гордо, во борба. Заминал како и многу други Македонци. Предаден од најблиските.

Останува запаметен засекогаш во македонската историографија како најсветлиот лик околу кој ние Македонците немаме разлики.

Великанот Гоце не успеа да ја види слободна Македонија, но неговото дело продолжи да живее и беше основа за создавањето на современата македонска држава.

Залудни се заканите и уцените од соседите за ние самите да му ги испревртиме коските и да ги погазиме неговите аманети. Токму преку тие уцени, не само пред нас, туку и пред целиот свет, уште еднаш се презентира неговата величина и важност.

Крајно време е, Ние, Македонците по род, да се обединиме околу идеалите на даскалот кој го положи животот за Македонија. Даскалот сакаше сплотеност, а не разединетост. За разлика од голем број наши современици денес, тој уште тогаш беше свесен дека таа разединетост многу вешто се поттикнува и се користи од страна на соседните негаторски пропаганди.

Војводо, ниту ќе се откажеме од тебе, ниту ќе дозволиме некој и понатаму да ти го валка името во кал. Тоа ти го должиме на тебе, на нашите дедовци, а тоа им го должиме и на идните генерации Македонци.

Почивај во вечен мир и паметење …

Фејсбук статус на Драган Ковачки.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија