недела, 31. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки: Петров призна дека тие го знаеле предлогот и дека би го одобриле ако граѓаните не се побуниле

Ковачки: Петров призна дека тие го знаеле предлогот и дека би го одобриле ако граѓаните не се побуниле

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на радио „Лидер“ го искоментира и гостувањето на Андреј Петров во една од вчерашните емисии каде што се обиде да ја релативизира целата состојба.

„Имаше една ситуација каде што кажа дека тие го разгледувале предлогот во партијата и откако виделе дека ние како опозиција значи ВМРО-ДПМНЕ и целата македонска јавност го одбива тој предлог и тие се согласиле да не го прифатат. Проблемот тука што е? Тие знаеле значи за предлогот и тие работеле на предлогот, тие го усогласувале и тие го одобриле предлогот. Откако виделе дека не го прифаќа целата македонска јавност овој предлог и тие тогаш одлучуваат да не го прифатат. Значи тие биле подготвени да го прифатат овој предлог“, заклучи Ковачки.

„Ковачевски не си го послуша и сопствениот претседател Пендаровски кој што кажуваше да не замине само да се слика во тие услови бидејќи нема да добие ништо“, рече Ковачки.

Ковачки додаде дека Владата воопшто не работи за доброто на Македонија и за зачувување на националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ секогаш било авангарда. ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил на браникот на македонските национални интереси. И ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да отстапи од македонските национални интереси.

„Проблемот кај нас во македонската држава е што Владата преговара надвор од рамките. Значи од Владата не дошле во Парламентот за да ние видиме за што преговараат. Еве, гледате во Бугарија што се случува, се изгласа недоверба на Владата на Кирил Петков“, појасни Ковачки.

Тој укажа дека македонските граѓани сакаат да започнат преговори, но под вакви услови какви што се сега нема да прифатат.

„Во Собранието се уште не сум видел никаков документ за кој што можеме да дискутираме и да видиме дали е во склад со Резолуцијата која што ја донесовме во македонскиот Парламент затоа што Собранието е единствено тоа кое што ги носи документите и кое што може да потврди дали нешто е во склад или не е склад со Резолуцијата. Не може Владата сама од себе да си носи заклучоци и да кажува дали нештото е во склад или не е во склад со Резолуцијата“, нагласи тој.

Најнови вести

Коронавирус