четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 1
home Вести

Ковачки: На власт не се останува со закани и заплашувања преку подметнување на експлозивни направи

Ковачки: На власт не се останува со закани и заплашувања преку подметнување на експлозивни направи

Знаеме дека стравот е голем, но на власт не се останува со закани и заплашувања преку подметнување на експлозивни направи или со физичко или било какво насилство врз политичкиот противник, пишува Драган Ковачки на Фејсбук.

Политиката треба да е борба на идеи со единствена цел – добробит на својот народ, а не злоупотреба на криминалците и институциите во партиски и лични цели. Наскоро ќе видите како треба да изгледа европско практикување на политиката.

За крај, знајте дека не само што не ви се плашиме, туку на време ви кажуваме: деструкцијата и разнебитувањето на македонската држава на 15 јули завршува, а одговорност ќе има за сите – без исклучок.

Коронавирус