вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 137
home Вести

Ковачки: Местото каде Заев треба да ја искаже својата одбрана не е на прес-конференција, туку пред надлежните органи на државата

Ковачки: Местото каде Заев треба да ја искаже својата одбрана не е на прес-конференција, туку пред надлежните органи на државата

Во екот на борбата со КОВИД-19, директорот на фондот за здравствено осигурување, г-динот Ден Дончев си поднесе оставка. И во причината за оставката го вмеша сопственото семејство. Дури и г-динот Зоран Заев упорно не’ убедуваше дека нема друга причина за оставката на Дончев, освен семејната. И можеби секој родител би поверувал дека причината е оправдана, но денеска, после објавувањето на видео снимката на која јасно се гледа како директорот Дончев зема пари во кеш, на сите ни е јасно дека неговото семејство е злоупотребено за да го покрие криминалот во врвот на власта, пишува во својата Фејсбук објава кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Ги преслушав објавените снимени материјали од разговорот на директорот Дончев и многу прашања остануваат да бидат неодговорени, иако секој што ќе ги ислуша може да си донесе соодветен заклучок.

Го слушнав и поранешниот премиер на државата, г-динот Заев, на прес конференција како објаснува дека тие (веројатно мислеше на Зоран и Вице) не знаеле ни да пишуваат толкави милионски суми на евра (а камоли и да поседуваат толку пари) за да веднаш биде демантиран со приказ на повеќе милионска сметка во Кипарска банка на име на неговиот брат.

Денеска нема да прашувам конкретни прашања, туку ќе дадам еден совет – Местото каде човек треба да ја искаже својата одбрана не е на прес конференција, туку пред надлежните органи на државата. Секое друго постапување може да оди на штета на посочените лица.

Фејсбук статус на Драган Ковачки:

Коронавирус