сабота, 21. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки: Ковачевски нема легитимитет да преговара со Софија, а Петков не е добриот како што ни го прикажуваат, тоа е само тактика на Бугарија

Ковачки: Ковачевски нема легитимитет да преговара со Софија, а Петков не е добриот како што ни го прикажуваат, тоа е само тактика на Бугарија

Ковачевски не добил легитимитет на избори за да ги води овие разговори со Софија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во Анализа н ТВ 24 велејќи дека тоа што сега го преставуваат бугарскиот премиер Петков како добар, тоа е тактика на државата, а од друга страна гледаме дека ни става вето, не ни го почитува јазикот.

– Каква чест ни укажал Петков кога ни стави вето ни го лимитира економскиот просперитет и создава можности за дестабилизација? На прес конференција не сака да го спомене македонскиот јазик туку го споменува како јазикот кој вие сами си го нарекувате по Устав, вели Ковачки.

Тој потенцира дека ова што сега се обидуваат да ни го продаде Бугарија, каде едниот е добар, а другиот лош, односно добриот треба да биде премиерот Петков, а лошиот претседателот Радев е само тактика.

– Тие само го сменија начинот. Кога имате цел треба да развиете стратегија и да ги најдете начините и средствата. Првиот начин не им помина, и ова е вториот и едниот се претставува дека има емоција, добрина и тоа е дел од тактиката, нагласи Ковачки.

Најнови вести

Коронавирус