недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 103
home Вести

Ковачки: Ќе ја тужам Шекеринска за злоупотреба на службена положба и ќе ја повикам цела јавност да го следи случајот

Ковачки: Ќе ја тужам Шекеринска за злоупотреба на службена положба и ќе ја повикам цела јавност да го следи случајот

Полковникот Драган Ковачки e казнет шест месеци со по 30 проценти од плата.

Откако дознал за овој чекор, тој се огласи на социјалните мрежи:

Ау каков непрофесионализам.

Да дознаам од медиуми дека Шекеринска ме казнила 6 месеци на плата а не сум примил никакво решение.

Еве ја вистината:

Значи, ми наместија дисциплинска постапка за која комисијата составена од генерали веќе се произнесе дека нема елементи за казна (!!!), но Шекеринска дополнително си формира своја комисија во која дури има и лица кои се помали по чин од мене и внимавајте: без НИЕДЕН доказ донела Решение за да ме казни на плата.

Чист аматеризам и своеволие.

Сега ќе си добиете по една тужба и тоа што сте го објавиле ќе мора да го докажете, ама не пред партиска комисија, туку пред Суд. А ќе ја повикам и јавноста да го следи процесот.

Срамота, Шекеринска на што се симнавте.

Политички гледано, ова е дискриминирачки и очајнички обид на Шекеринска преку злоупотреба на службената позиција и на целосно незаконски начин да го спречи Уставно загарантираното право за јавно изразување и критика на јавните функционери, вклучително и на нејзините поразителни и популистички политики во одбраната.

Во моментов, ова е една од темите што е сосема неважна и служи исклучиво за дефокус од неспособоста и алчноста за пари што косат човечки животи.

Јас ова ќе ви го порачам:

Вашите казни и закани само ме мотивираат и докажуваат дека сум на прав пат.

Не може да ме казните за тоа што сум Ви укажал дека сте прекршиле закони.

Можете да казнувате и да се заканувате, но за злоупотреба на службена положба се одговара и кривично.

Се гледаме на Суд, одберете си добар тим правници.

ЕУРО 2020

Македонија