четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 49
home Вести

Ковачки: Како никогаш досега, на македонскиот народ му е потребно обединување во борба против ова зло што ја има нападнато татковината

Ковачки: Како никогаш досега, на македонскиот народ му е потребно обединување во борба против ова зло што ја има нападнато татковината

Неправдите што ги направија на сопствената држава и на сопствениот народ се немерливи. Правдата е далечна мисловна именка. Олигархијата и криминалците се олицетворени во раководството на СДСМ што ја води државата, пишува на својата Фејсбук страница кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Македонците се понижени и со згазено достоинство. Немаме друг излез освен обединување.

Бесперспективноста е проблем со кој мора да се соочиме на национално ниво. Мора да покажеме заедништво, визија и одлучност за решавање на овој горлив проблем.

Како никогаш досега, на македонскиот народ му е потребно обединување во борба против ова зло што ја има нападнато татковината.

Правда мора да има, 15 јули е денот кога ставаме крај на систематското тонење на Македонија по сите параметри.

Доста е со поделби, доста брат на брат гледа како непријател. Време е да покажеме дека ја заслужуваме Македонија, онаква каква ја замислија нашите предци. Да си ја вратиме и обновиме државата. Одиме!, повикува Ковачки.

Локални избори 2021