петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 70
home Вести

Ковачки: Хајката против мене се води незаконски, одат на карта да останам без работа, но правната битка ќе ја добијам

Ковачки: Хајката против мене се води незаконски, одат на карта да останам без работа, но правната битка ќе ја добијам

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување за радио „Лидер“ се осврна на казните кои што му ги изрекува Комисијата со членови кои имаат помал чин од него. Очигледно, вели тој, се води хајка против мене.

-Веста која што најмногу имала прегледи, еве веста која што излезе во тој период сакам само да ве навратам неколку моменти наназад, знаете таа недела беше многу важна, се сеќавате дека тој период имавме скандали од типот на фантом фирмата, па 12 милиони, па 6 милиони евра се споменуваа таму подготвувани за провизија, кои што ете така остана нерасветлен случај, не се отвори постапка за тоа иако според мене има доста сериозни индиции за криминал. Понатаму се сеќавате на софтверот кој што е се уште актуелен во МВР кој што не сакала да го купи, ама им го купиле па не им го дале, па не бил ставен во функција, но меѓутоа според премиерот би можел да биде ставен во иднина во функција итн. Значи има сериозни индиции за криминал во највисоките кругови во власта кои што беа бајпасирани односно со еден дефокус на една таква вест од страна на министерот за одбрана која што изнесе интерна работа која што треба да се решава во рамките на министерството, а не во јавноста за што јас долго време предупредувам, меѓутоа очигледно е дека политичкиот интерес и личниот интерес сепак предничат пред државниот. Сепак кога зборувам државен интерес мислам на расчистување на овие случаи, знаете кои што не се поведени од страна на институциите и во тој аспект би сакал да додадам дека еве на конкретното прашање зошто сум казнет за емисија во која што сум гостувал на 26.05.2020 во период кога мојот работен однос со министерството за одбрана е раскинат, значи јас тогаш не сум припадник на министерството за одбрана во тоа време сум кандидат за пратеник“, појасни Ковачки.

Ковачки додаде дека според Изборниот законик и Законот тој период кога бил кандидат за пратеник бил невработен и немал пензиско и здравствено осигурување, прават и обврските во мирување нема добиено плата неколку месеци иако според закон требало само за 20-тина дена.

-А минатите избори видовме класична злоупотреба на средствата, државните ресурси, па ние и тоа вчера го видовме. Можно е да останам и без работа, меѓутоа законите треба да важат за сите, и ние ќе се бориме, правната битка секако дека ќе ја добиеме, рече Ковачки.

ЕУРО 2020

Македонија