вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 187
home Вести

Ковачки до власта: Ај што сте неспособни, туку по кој знае кој пат покажувате дека немате никакво чувство за емпатија и одговорност кон тие со кои секојдневно се сликате

Ковачки до власта: Ај што сте неспособни, туку по кој знае кој пат покажувате дека немате никакво чувство за емпатија и одговорност кон тие со кои секојдневно се сликате

Додека Македонија гореше, СДСМ и ДУИ си организираа приватни забави за Илинден па после заминаа на ладење од пожарите покрај море, на убавите плажи на Егејот. Македонија за жал се’ уште гори, но сега откако “народот ги побара да се вратат” од плажа, почнаа и да се сликаат и да тераат ПР со странската помош што ја испросија. Оти за домашна акција видовме дека не ги бива. Се сликаат, се смеат пред камери со кисели насмевки, ама тука некаде е и крајот на патот. Свесни се и знаат дека крајот вака мириса…, пишува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

-И додека пожарникарите-доброволци од странство, нашите пожарникари, војници, полицајци и граѓани гладни, жедни и ненаспани мака мачат со справување со пожарите, Владата на “нивната” држава, на ден пред распишување на изборите од страна на тој што го прекрши Уставот и за тоа не одговараше, си донесе Уредба да си ги награди партиските послушници по сите Министерства.
Внимавајте:
На 5 август, Владата заседава и носи одлука да подели по 30% покачување на плата на лица кои ќе бидат предложени за тоа од страна на нивните раководители.
Истиот ден, на 5 август Уредбата ја објавуваат во Службен весник (!) Демек итна.
Истиот ден, на 5 август раководителите на организационите единици по министерствата, ја проучиле Уредбата и веднаш доставиле предлози до Министрите со списоци на лица за награда на плата од 30% и тоа во траење до Нова Година (5 месеци).
Министрите веднаш, истиот ден, на 5 август се согласиле и наредиле да се изработат Решенија за тие лица (СДСМ и ДУИ).
Истиот ден, на 5 август, министрите и ги потпишале тие Решенија кои стапиле на сила веднаш.
Значи, избрана категорија на административци, слепи послушници на криминалните раководства на СДСМ и ДУИ, до Нова Година ќе си уживаат со 1/3 зголемена плата.
Еве ја мојата порака до оние од власта што практицираат класичен бандитизам:
Ај што сте неспособни, туку по кој знае кој пат покажувате дека немате никакво чувство за емпатија и одговорност кон тие со кои секојдневно се сликате.
Како бре може во ек на пожари, кога ангажираните македонски пожарникари, пилоти, војници, полицајци се на крајот на силите, секојдневно јадат конзерви и спијат на земја, вие да мислите само за “вашите”?
Наместо да ги наградите борците што ги ризикуваат своите животи и да им дадете покачување на плата, вие си ги наградувате партиските послушници и климоглавци што седат во климатизирани простории и Ви кажуваат дека сте најдобри!
Брука!
П.С.
Во едно министерство, еден министер потпишал 40 решенија а не смеел, затоа што тие лица веќе оствариле и земале покачување на плата по друг Закон, што е спротивно на членот 4 од Уредбата што сама ја гласала…
Анти-корупциска и ОЈО се слушаме ли или ќе се правите дека не сте виделе?

Локални избори 2021