недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 102
home Вести

Ковачки до Шекеринска: Дефокусирате од вистинскиот проблем, кажете која е вашата улога во набавката на кинеските вакцини преку фантом фирма?

Ковачки до Шекеринска: Дефокусирате од вистинскиот проблем, кажете која е вашата улога во набавката на кинеските вакцини преку фантом фирма?

Шекеринска повторно манипулира и објавува детали од интерни армиски постапки за кои цело време предупредувам. Прво, престанете да манипулирате и кажете и’ на јавноста дека Комисија предводена од генерал не најде докази за тоа за што ме обвинувате, а Вашата комисија во која нема ниеден генерал туку има и лица помлади по чин од мене, Ви достави нарачан предлог. Па од авион се гледа Вашиот притисок врз Вашата комисија, реагира Драган Ковачки.

-Институцијата не Ви е партиска играчка да се пресметувате со мене затоа што не мислам како Вас. Второ, должите да одговорите: Зошто и после година дена се’ уште на вашиот фејсбук профил стои доверлива класифицираната мапа од зона на одговорност на армиска единица? Трето, дефокусирате од вистинските проблеми:  Која е улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од ФАНТОМ фирмата во Хонг Конг? Како може со чиновничка плата да се купи куќа вредна баснословна сума, а за багателна цена? Еве ја повикувам јавноста и истражувачките новинари да се заинтересирааат за случајот и да го истражат, пишува Ковачки.

Понатаму, тој порачува:

„Последно, не е учтиво од уста на дама на толку висока политичка и партиска функција да напаѓате на личност со неумесен речник и да ме наречете плачко и лажго.

Нема да се симнам на тоа ниво, но во интерес и добробит на општеството, на сите родители би им советувал такви фрази да избегнуваат пред своите деца“.

 

ЕУРО 2020

Македонија